Вкусни телешки шницли со шпагети

Сочни и неверојатно вкусни телешки шницли на милански начин …

 

Потребно е:


400 г телешки шницли
100 г кашкавал ајдамер
50 г пармезан, изрендан
2 јајца
малку остро брашно
300 г шпагети
200 мл сецкани домати (пелати)
1 лажица маслиново масло
1 помала главица кромид
1 помал морков
малку шеќер
сол, бибер
масло за пржење

 

Подготовка:


– Исецкајте го кромидот ситно и морковот на коцки.

– Во длабок сад на малку маслиново масло 10-тина пропржете ги кромидот и морковот на кои сте им додале 1 лачиче сол и едно лажиче шеќер.

– По 10-тина минути додадете ги сецканите домати и 100 мл вода и динстајте 45 минути.

– На крај целата содржина испасирајте ја со рачен блендер додека да добиете хомогена смеса.

– Кашкавалот изрендајте го на ситната страна на рендето и измешајте го со изренданиот пармезан и малку остро брашно.

– Изматете ги јајцата и во нив додадете 2 лажици вода, сол и бибер по вкус.

– Телешките шницли истенчете ги со дрвен чук и потоа извалкате ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во кашкавалот.

– Ставете ги да се пржат на загреано масло во тава и пржете ги додека кашкавалот не стане крцкав.

– Во меѓувреме сварете ги шпагетите, исцедете ги и измешајте ги сос сосот од домати.

– Сервирајте ги на чинија, а на нив наредете ги шницлите.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.