Бездомник стана заштитно лице на француски моден бренд

Француската модна марка избра париски бездомник за својата прва рекламна кампања, соопштија агенциите

 

Изборот на брендот, специјализиран за јакни од канадско производство, се вика Марко. Тој е бездомник, но исто така и уличен уметник од шестата област на француската престолнина. Марко живее на улица десет години.


За две недели, ќе може да се видат рекламните плакати на модниот бренд. Лицето на Марко ќе биде видливо на 3600 постери низ Париз.


За неговата улога како модел, тој добива 500 евра во готовина за користење на неговото лице за рекламни цели. Остатокот од неговата награда е обезбеден во форма на отворање кредит во локален супермаркет каде Марко ќе може да купува без да плати.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.