Намаз од чоколадо и лешници (рецепт)

За сите љубители на чоколаден крем еве еден лесен рецепт како истиот да го подготвите дома …

 

Потребно е:


400 г лешници
300 г темно чоколадо
200-250 мл слатка павлака

 

Подготовка:


– Ставете ги сите состојки во еден сад на рингла и варете ги додека смесате не почне да врие.

 

– Тргнете го садот од рингла и пропасирајте ја смесата низ цедалка за да го отстраните парченцата од неа.

 

– Вратете го садот на рингла и варете уште 10-15 минути додека не се згусне.

 

– Готовата смеса сипете ја во стаклени теглички.

 

– Овој крем може да го користите како намаз, потоа како крем за палачинки или прелив за сладолед.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.