Пита со ананас (рецепт)

Оваа многу вкусна и ароматична пита со ананас нема да погрешите ако ја направите…

 

Потребно е:


180 г
 шеќер
30 г путер
2 јајца, одделени жолчките од белките
80 г нишесте
1 лажиче екстракт од ванила
120 мл вода + 2 лажици
230 г ананас од конзерва или свеж
замрзнато лиснато тесто за пита
2 белки (од јајцата погоре)
прстофат сол
90 г шеќер
1 лажиче ванила

 

Подготовка:


– Во тенџерче ставете 3/4 од шеќерот и путер.

 

– Од двете јајца одделете ги жолчките од белките, и жолчките ставете ги во тенџерето.

 

– Сите состојки изматете ги убаво со миксер, додека да се растопи шеќерот.

 

– Ставете ја ванилата и изматете пак со миксер.

 

– На крај, ставете ги парчињата ананас. Ако се во поголеми парчиња, исечкајте ги поситно. Ставете и малку од сокот. Изматете со миксер додека да добиете еднолична смеса.

 

– Тенџерето ставете го на рингла загреана на средна температура и оставете го да прокрчка филот неколку минути, односно додека да се згусне филот и испари течноста. Филот треба да биде густ.

 

– За тоа време, тестото за пита ставете го во тавче за печење и испечете го 6-8 минути, додека да фати малку боја.

 

– Кога ќе биде тестото печено, ставете го филот и еднакво распоредете го. Покријте со пластична фолија, ставете го фрижидер и почнете со подготовка на шамот.

 

– Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени.

 

– Во длабок сад ставете ги белките, заедно со шеќерот, прстофат сол и ванила. Матете со миксер додека да добиете мазен и густ шам од белки. Шамот распоредете го еднакво врз питата.

 

– Со нож направете издигнати форми за да изгледа питата убаво додека се пече.

 

– Питата ставете ја во рерна 6-8 минути, додека да се зацрвени шамот. Не ја оставајте предолго, затоа што може да се препече и да биде сува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.