Посни мафини без масло, наш предлог за десерт за Велигденскиот пост

Доколку постите без масло, ова е одличен рецепт за вас.

 

Потребни состојки за овој десерт:

2 изрендани јаболка

2 испасирани банани кора од портокал или лимон суво грозје мелени ореви

150 гр брашно

150 гр мелени овесни снегулки

300 мл вода

3 лажици гриз

1 кесичка прашок за печиво 1/2 кесичка сода бикарбона

50 гр какао

50 гр шеќер

1 кесичка ванилин шеќер цимет

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сувите состојки измешајте ги во посебен сад, а потоа во нив додајте ги влажните, а вода додавајте постепено. Добро изедначете ја смесата и ставете во калап за мафини во кој претходно сте ставиле хартиени корпички. 

 

Загрејте ја рерната на 220 степени па печете ги мафините 15-20 минути. Посипете ги со шеќер во прав или украсете ги со сечкани бадеми.  

 

Уживајте во убавиот вкус.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.