Сем Смит размислува да си го промени полот

Познатиот британски пејач и кантавтор Сем Смит проговори за својот „небинарен полов идентитет" и призна дека размислува за промена на полот.

 

– Навистина понекогаш размислувам како жена, во својата глава. Се имам прашано себе си дали сакам промена на полот. Тоа е нешто за што сѐ уште размислувам, изјави Смит во интервју за Би-Би-Си.

 

Таканаречените небинарни лица обично не се идентификуваат исклучиво како мажи или како жени.

 

– Отсекогаш во моето тело и ум имало мала војна на тоа поле… Не сум ниту машко ниту женско, мислам дека пловам некаде на средина, нагласува Смит.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.