Џејмс Корден повторно домаќин на доделувањето на Тони наградите

Британсиот глумец и комичар Џејмс Корден, водител на популарното американско „Лејт лејт шоу" соопшти дека вторпат ќе биде домаќин на доделувањето на наградите Тони, што ќе се одржи во Њујорк.

 

– Бродвејската заедница ми е драга на срцето и бескрајно сум горд што ќе бидам дел од оваа посебна ноќ, изјави Корден.

 

Тони театарските награди во 2016 година, кога исто така, беше домаќин, ги засени масовниот масакр во геј-клуб во Орландо, па уметникот тогаш говореше за разноликоста на Бродвеј, истакнувајќи дека „театарот е место каде што припадници на сите раси, вери и сексуални ориентации се еднакви и сакани", и дека „омразата никогаш нема да победи”.

 

Корден и самиот е добитник на Тони за најдобар глумец за претставата „Еден слуга, двајца господари" во 2012 година.

 

Номинациите ќе бидат објавени на 30 април, а тричасовната свеченост ќе се одржи на 10 јуни во њујоршката сала „Рејдио сити мјузик хол". 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.