Бланшет: Одморете се од социјалните мрежи

Холивудската ѕвезда Кејт Бланшет смета дека има проблем да се исклучи од „светот на социјалните мрежи", коишто како и целото општество денес, вршат „многу повеќе притисок на жените отколку на мажите".

 

Во интервју за списанието „Гламур", таа ги советува жените да ги исклучат своите телефони на 20 минути и да се опуштат.

 

– Одморот од социјалните мрежи и технологијата може да биде предизвик, но во исто време може да придонесе да се чувствуваме и да изгледаме помалку стресно од вообичаено. Откажете се од социјалните мрежи, нагласи Бланшет.

 

Таа нагласи дека  „животот е хаос”, но наместо со Фејсбук, претпочита да се освежи со хидратантна крема за лице и серум. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.