(Видео) Прва скопска во друштво со жирафите од зоолошка градина- мили, но и опасни животни

Каспер, Тебого и Флопи се трите жирафи од Скопската зоолошка градина, кои веќе осма година претставуваат најголема атракција за посетителите.

 

Омилени се меѓу децата, но и возрасните подзастануваат кај нивните живеалишта за да им се восхитуваат на убавината и грациозноста.

 

Поттикнати од идејата одблиску да ви ги претставиме овие убави животни, се упативме кон нивните живеалишта, каде не пречекаа нивните зоокипери, Ристе и Маја Трајковски. Љубовта и поврзаноста со нив ја забележавме уште во моментот на подготовка на храната и хранањето, кое се одвива три пати на ден.

 

Иако, не изгледаат така, жирафите можат да бидат многу опасни. Имаат силна глава со која ако се вознемират би можеле да ве повредат. Токму затоа се оддалечени на безбедно растојание од патеките за движење на посетителите.

 

Каспер, Тебого и Флопи, за миг направија да заборавиме дека во зоолошка градина сме отидени на работна задача.

 

Жирафите и останатите 492 животни од 96 видови ве чекаат и вас да ги посетите.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.