Овие знаци покажуваат дека љубовта од вашата врска избледела

Паровите често се среќаваат со проблеми и конфликти, но ова се знаците кои покажуваат дека врската или бракот ви е пред крај.

 

Презир

Почитта е основа на сите добри односи, без оглед дали станува збор за брак или врска. Непочитувањето и презирот се убијци на бракот. Ако вашиот партнер јавно ве исмева или ве навредува со сарказам, тогаш треба сериозно да се замислите за ваквата ситуација.

 

Партнерот ве критикува вас, а не вашите постапки

Ова е неконструктивна критика од партнерот. Во овој случај, тој се лути на вашите карактерни особини и личност. Сето тоа може да се сведе на фразите “ти никогаш...”, “зошто си таков...”, “ти секогаш...” итн. Притоа, доколку нешто не оди според планот, виновникот за проблемите не се околностите во кои се наоѓате туку токму вие.

 

Нападот е најдобра одбрана

Дали вашиот партнер е постојано незадоволен и ве критикува? Во овој случај тој пробува да ги оправда своите постапки или на критиката одговара со критика. Како резултат се јавуваат бескрајни обвинувања помеѓу партнерите.

 

Бегство од конфликт

Ако личноста е повлечена и не сака да разговара, најдобро решение е да ѝ се даде време да размисли во мир и тишина. Тоа воопшто не значи дека партнерот не сака да разговара со вас – едноставно на некои луѓе им е потребно да бидат сами за да сфатат што се случува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.