(ВИДЕО) Во Норвешка отворен првиот подводен ресторан во Европа

Европа го доби својот прв подводен ресторан, и тоа на северноатлантскиот јужен брег на Норвешка.

 

Ресторанот „Андер” (во превод „под" како збор-предлог), на своите гости им нуди прилика – додека вечераат, да уживаат во панорамската глетка во подводниот свет на морето. Половина од ресторанот е под вода, е другиот дел – над површината.

 

Концептот на ресторанот нуди фиксно мени за дегустација коешто се менува зависно годишните времиња. Има капацитет од 40 лица, а свеченото отворање е закажано за почетокот на април. Првите шест мессеци се целосно резервирани.

 

За вечера ќе треба да се издвои околу 230 евра, а ако во нарачката е вклучено и вино, цената достигнува и до 400 евра, бидејќи во земјата има висок данок на алкохол.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.