Турска палачинка – Gözleme (рецепт)

Gözleme е турско јадење кое се прави од тесто наполнето со најразлични филови, а кое потоа се витка, убаво се затвора и се пече на тавче, не во рерна.

 

Името на ова јадење доаѓа од турскиот збор “Göz” што значи „око“.

 

Се полни со најразлични филови. Еве некои варијанти:


– спанаќ и фета сирење;
– спанаќ, фета сирење и мелено месо;
– спанаќ, фета сирење и јајца;
– морски плoдови, јајца;
– мелено месо, кашкавал;
– компири, печурки, печен модар патлиџан

 

Во Турција ова јадење се нарекува и под името „турска палачинка“.

 

Потребно е:


450 г брашно
околу 320 мл топла вода
7 г сув квасец
1 лажиче шеќер
2 лажички сол
масло за премачкување

 

за филот:


300 г спанаќ, обарен
100 г фета сирење
1 мало чешне лук, ситно сечкано
1 лажица путер

 

Подготовка:


– Во брашното ставете ја солта и просејте ги во длабок сад низ ситна цедалка.

– Во топла вода ставете ги сувиот квасец и шеќерот да се растопат. Кога квасецот ќе се запени, ставете го во садот со брашното. Замесете меко тесто и оставете го на топло да ја удвои големината.

– Кога ќе забележите дека тестото се удвоило, поделете го на 8 еднакви топчиња и нив оставете ги да нараснат малку.

– За тоа време, подгответе го филот. Спанаќот обарете го. Обарениот спанаќ исечкајте го на ситни парчиња. Лукчето ситно сечкајте го и ставете го тавче за пржење со малку масло да се запржи. Кога ќе фати боја, ставете го претходно убаво исцедениот и исечкан спанаќ. Сирењето згмечете го со вилушка и ставете го во спанаќот. Целиот фил убаво измешајте го. Зачинете со сол и бибер по вкус.

– Секое топче со сукало развлечете го што потенко можете.

– Нанесете од филот во тенок слој на едната половина од тестото. Преклопете и стиснете ги краевите.

– Вака подготвени, печете ги во тавче (најдобро да биде керамичко) малку намачкано со путер/маргарин/масло. Печете 3 до 4 минути на средна темепратура, притоа внимавајте  да не изгорат.

– Сервирајте со јогурт, кисело млеко или павлака.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.