Пилешко со блитва (рецепт)

Нашиот предлог за вкусен ручек …

 

Потребно е:


800 г пилешко бело месо
4 врзопи блитва
1 чешне лук
5 дцл млеко
3 лажици брашно
мелен сув зачин, по желба
малку сол
масло

 

Потребно е:


– Белото месо исечете го на ленти и посипете го со мелен сув зачин и сол. Пропржте го малку во тава на загреано масло.

– Блитвата убаво измијте ја и ставете ја да се вари во солена вода да омекне. Исцедете ја од вишокот течност и исецкајте ја ситно.

– Во помало тенџере ставете масло да се загрее. Додадете го сецканото лукче и кратко пропржете го.

– Смалете ја температурата и додадете го и брашното малку да се пропржи.

– Потоа додадете го и млекото со постојано мешање за да не ви се направат грутчиња и на крај сецканата блитва. Зачинете со сол по вкус. Варете со постојано мешање додека течноста не се згусне малку.

– Во огноотпорна тава наредете го белото месо и прелијте го со сосот од блитва.

– Тавата ставете ја да се запече малку во загреана рерна на 200 целзиусови степени.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.