Психолозите порачуваат децата да не наседнуваат на предизвиците од видео игрите!

Видео игрите се голем тренд кај детската популација, но не секогаш децата знаат што треба да гледаат на интернет. Затоа ротителите треба да вршат максимална контрола на нивните деца.

 

Она што ја разбранува јавноста е самоповредувањето на  деца од Битола, како резултат на наседнувањето на игрите Момо и Синиот кит кои успеале да го привлечат детското внимание. Овие игри задаваат задачи корисникот да се фотографира со цел да се покаже неговата храброст или да исцрта со нож некакви фигури кои подоцна ќе ги фотографира и ќе ги испрати на интернет.

 

Во разговор за 1-ва скопска психотерапевтот Милка Ололоска вели дека овие игри негативно влијаат на психичкото здравје кај децата, бидејќи се уште не им е развиено критичкото мислење на таа возраст. Овие игри се шират како зараза, бидејќи размислувањата на децата се ,,сите играат па и јас морам да играм”. Со цел да се спречат настаните од овој тип и да се заштитат децата понатаму, родителите мораат повеќе да водат грижа за постапките на нивните деца. Ололоска додава дека една од превентивните мерки за заштита на децата е да се зборува на оваа тема во училиштата и да се упатат децата за што станува збор, зошто не треба да го прават тоа и кои ќе бидат последиците доколку наседнат на играта.

 

Инаку, Синиот кит убил 130 деца во Русија.  Хрватска и Србија веќе долго време предупредуваа и преку медиумите, но и во училиштата од опасноста од оваа и слични видео игри. Затоа родители внимавајте што прават и што гледаат вашите деца.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.