Фурнаринки (рецепт)

Домашно подготвени крцкави фурнаринки, идеални како прилог на секое јадење …

 

Потребно е:


260 г брашно
60 г пченкарно брашно
80 мл масло за готвење
160 мл млака вода
1 јајце
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
1/2 кесичка сув квасец

 

за посипување:


сол малку сусам, мелена црвена пиперка, ким

 

Подготовка:


– Во еден подлабок сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.

– Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.

– Со помош на нож, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).

– Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и посипете со сусам, сол и црвен пипер.

– Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.