All for Joomla All for Webmasters

Најубавиот германски рецепт: Торта млечна девојка

Ова е толку кремаста и мека торта, што ќе заборавите на сите диети.

 

Состојки за кората: 400 ml млеко, 2 јајца, 160 гр брашно, 1 лажица прашок за прашок за пецво.  

 

Состојки за фил:

400 мл слатка павлака,

70 гр шеќер во прав.

 

  Подготовка:

 

Измешајте ги јајцата и млекото, па потоа додадете брашно и прашокот за пециво.

На хартија за печење одбележете еден круг со дијаметар од 18-20 см, земете две лажици од тестото, ставете во средината на кругот и растурете ја смесата со прсти за да добиете кружна кора. Треба да добиете 7 кори.

 

  Секоја печете ја 5 минути на 180 степени, или додека не добие светло-кафеава боја. Многу е важно веднаш штом ќе ја извадите кората од рерната, веднаш да ја отстраните ја хартијата и да ја префрлите на чиста кујнска крпа.  

 

За филот изматете ја изладната слатка павлака со шеќерот во прав. Започнете да ги филувате корите, една по една, а за крај оставете малку повеќе фил, за да ги покриете и страните од тортата.

 

За декорација може да ставите чоколадни трошки и овошје.

 

  Оставете ја да се излади цела ноќ во фрижидер, така што кората може добро да омекне.

 

  Уживајте!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.