Боранија со млеко, која сигурно ќе ви се допадне
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 15 Мај 2019
Ова е несекојдневен рецепт за боранија, кој додколку го приготвте, Вашето семејство ќе почне да ја обожава боранијата.
Боранија со млеко
Неопходно е:
0,5 кг боранија
1 главица кромид
4 моркови
3 чешниња лук
сув зеленчуков зачин
1 лажица брашно
1 лажица блага црвена пиперка
0,5 л вода
малку свеж копар
50 мл млеко
Подготовка:
Испржете ги кромидот и лукот на масло.
Додајте го морковот исечен на кругови, а потоа додајте ја и боранијата и заедно пропржете.
Боранијата посипете ја со брашно, суви билни зачини и црвен пипер.
Додајте вода и мешајте за брашното и пиперката да се растворат.
Гответе четириесет минути во потивок оган, и пред крајот додајте го ситно исецканиот копар и млекото.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс