All for Joomla All for Webmasters

Џејмс Греј ќе снима филм за „младиот Доналд Трамп"

Американскиот режисер Џејмс Греј најави дека ќе снима филм за животот од младоста на претседателот на САД, Доналд Трамп.

 

Филмот, чиј работен наслов е „Armageddon Time", ќе говори за „младиот Доналд Трамп" и неговиот татко Фред, магнат во секторот за недвижен имот.

 

Греј ќе биде и сценарист на филмот, што ќе се снима во приватното училиште „Ки Форест" во Квинс во Њујорк, каде тој е роден и го минал детството.

 

Според најавите, Греј со овој филм сака да направи еден вид спомен на своето детство минато во Квинс, каде Фред Трамп бил влијателен член на заедницата.

 

Продуцентот на филмот Родриго Тејксеира изјави дека делото ќе биде еден вид „лична историја" на Греј.

 

Греј и претходно сними два полуавтобиографски филма, „Little Odessa" и „We Own the Night", кои привлекоа големо внимание меѓу жителите на Квинс, посебно меѓу младите.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.