Три грешки кои жените ги прават при купување на чевли со висока штикла

Вистинските чевли со штикли нè прават уште поатрактивни и посекси.

 

Меѓутоа, ако чевлите не одговараат целосно на вашето стапало и особено ако се на високи потпетици, сигурно не е лесно да се носат, особено долго време. Затоа внимавајте да не ги правите овие грешки при купување на нови штикли.

 

1. Не купувајте чевли наутро Чевлите најдобро се купуваат на крајот од денот, кога нозете се честопати се малку уморни и отечени од одење по цел ден. Ако на крајот од денот вашите чевли не ве стегаат, постои поголема шанса дека нема да ве стегаат и на ноќните забави.

 

2. Не обрнувате внимание на материјалот Чевли од вистинска кожа имаат предност - затоа што го прилагодуваат обликот на ногата за време на движењето и во топлината и влажноста. Чевлите од евтина вештачка кожа и полиетилен не се прилагодуваат толку лесно на ногата и често се непријатни. Ако купувате чевли од вештачки материјали, треба да бидете сигурни дека вашите чевли се изработени од висококвалитетна вештачка кожа или ткаенина.

 

3. Облечете ги и соблечете ги барем пет пати пред да ги купите Ова може да звучи чудно и тешко, но исто така е многу корисно. Само со постојано облекување на чевлите ќе ги забележите местата кои подоцна ќе ви направат плускавци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.