Овошни мафини со јагоди и крем-сирење

Сочни од крем-сирењето во нив, крцкави и мирисни поради циметот, а овошни од јагодите…

 

Потребно е:


за мафините:


230 г брашно
125 г шеќер
1 лажиче прашок за печиво
1/2 лажиче сода бикарбона
на врв на нож сол
1 кесичка ванилин шеќер
1,5 јајце
кисела павлака (200 мл)
80 мл (1/2 чаша) масло

 

за филот од сирење:


125 г крем-сирење
1/2 јајце
50 г шеќер
1/2 кесичка ванилин шеќер
1 полна лажица прав за пудинг од ванила (или, пак, 1 лажица нишесте)

 

за посипување:


50 г шеќер
50 г брашно
30 г путер
1 лажиче цимет

 

и уште:


250-300 г јагоди

 

Подготовка:


– За да ја направите смесата за посипување во еден сад измешајте ги брашното и шеќерот со циметот. Во ова додадете го на тенки ливчиња исечениот путер и со триење со раце направете ситни трошки за посипување. Садот ставете го фрижидер додека ги подготвувате останатите состојки.

 

– Сега преминете на подготовка на филот од сирење. Во целиот рецепт одат 2 јајца. Затоа изматете ги со вилушка и одвојте малку за кремот од сирење. Во еден сад ставете ги крем-сирењето, 1/2 јајце (кое претходно го одвоивте од изматените јајца), шеќер, пудинг (или нишесте) и измешајте убаво да нема грутчиња.

 

– За мафините помешајте ги сите суви состојки. Во друг сад ставете ги преостанатите состојки, изматете и подоа додадете ја смесата со суви состојки. Измешајте со лажица за да се соединат состојките и да добиете хомогена смеса.

 

– Јагодите исечкајте ги на ситни коцки.

 

– Во отворите за мафини на калапот ставете хартиени кошнички за мафини. Прво ставете по една лажица од смесата за мафини во секоја кошничка. Потоа распоредете половина од сечканите јагоди, па од филот од сирење. Посипете со трошките. Сега повторно ставете по една лажица од смесата за мафини, повторно сечкани јагоди и на крај посипете со трошките.

 

– Вака подготвените мафини ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 Целзиусови степени додека не добијат убава златножолта боја.

 

Идеја: Јагодите можете да ги замените со малини.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.