Откриена нова опасност поврзана со јадењето брза храна

Експерти од Австралискиот национален универзитет открија дека конзумирањето на брзата храна, вклучувајќи хамбургери придонесува за предвремено стареење на мозокот, соопшти сајтот MedicalXpress, цитиран од агенциите.

 

Беа анализирани резултатите од 200 студии кои барале врска помеѓу здравјето на мозокот, стареењето и факторите поврзани со животната средина. Научниците откриле убедливи докази дека нездравата исхрана и недостатокот на физичка активност за подолг период го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 и ги влошуваат когнитивните функции, предизвикувајќи деменција и атрофија на мозокот.

 

Кај луѓето на средна возраст невродегенеративни заболувања можат да почнат порано од вообичаеното и да имаат неповратен карактер. 

 

Околу 30 отсто од возрасните луѓе во светот имаат прекумерна тежина или дебелина, а над 10 отсто ќе се погодени од дијабетес тип 2 до 2030 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.