Индиски магионичар исчезна во река

Индискиот магионичар кој се обиде да го репродуцира бројот на Хонини со скокање во река окован во синџири, не се појавил на површината и веќе е доведен во прашање неговиот живот, известува Би-Би-Си.

 

Чанчал Лахири, познат како Мандрак, требаше да се ослободи од синџирите и да се појави. Сепак, тој не се појави на површината на реката Хјули во Западна Бенгалија. Полицијата и тимот на нуркачи ја претресоа областа и реката, но до вечерта во неделата по локално време магионичарот не е пронајден.

 

Чанчал Лахири не може да биде прогласен за мртов додека не се пронајде телото, соопшти полицијата.

 

Еден фотограф го прашал Лахири зошто го ризикува својот живот за магија.

 

"Ако го правам тоа како што треба, тоа ќе биде магија, а ако направам грешка, тоа ќе стане трагедија", одговорил Лахири со насмевка. 


Пред повеќе од 20 години, Чанчал Лахири бил фрлен во стаклен сандак во истата река и успешно се појавил.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.