На Дејв Мастејн од „Мегадет" му е дијагностициран рак на грлото

Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет", Дејв Мастејн изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.

 

Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех. Третманот на музичарот е веќе почнат.

 

Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од нејзините концерти.

 

Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија", а награден со „Греми" во 2017 година.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.