Важни совети за патување во лето

Сончевото и топло време ги предизвикуваат граѓаните да организираат и да отидат на некое патување. Но со цел безбедно и сигурно да стигнете на посакуваната дестинација потребно е да бидете запознаени со одредени правила за патување во лето.

 

Експертите препорачуваат пред да се тргне на пат, секој возач треба да има утврден план, по која маршута ќе вози, каде и кога се создава сообраќаен метеж, каде и кога има пречки на патот, каде и кога има застоj во сообраќајот, каде ќе одмори итн. Планот треба да биде реален, со почести паузи и да биде добро осмислен за да може возачот соодветно да се одмори и да патува спокојно и без да се нервира.   Исто така пред да започне патувањето, потребно е да се програмира GPS системот и да се проверат и анализираат мапите.  Летните одмори се карактеризираат како патувања на подалечни дестинации, а со цел безбедно и удобно да патувате неопходно е да направите превентивен преглед на техничката исправност на возилото.  При возење задолжително е да ги почитувате сообраќајните прописи.

 

Ризик и закана за безбедноста на сообраќајот и закана за животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот се,  брзото возење, возењето под дејство на алкохол и не-почитување на сообраќајната сигнализација.

 

Исто така при возењето една од најчестите грешки на возачите во лето е предолгото возење. Истражувањата покажуваат дека возачот најдобро е да одмора на секои 200 до 300 поминати километри, односно на секои 3 до 4 часа возење. РСБСП со препорака до возачите: „Практикувајте го овој совет и одморајте дури и тогаш кога мислите дека не ви е потребен одмор. За време на одморот останете смирени и запомнете дека одморот е време да се опуштите, а не да мислите на автомобилот и на патувањето.“ Многу е важно додека возите да не го употребувате мобилниот телефон, бидејќи статистиката покажува дека најголемиот дел од сообраќајните несреќи се предизвикани додека се зборува на мобилен.

 

Исто така експертите препорачуваат при патувањето секогаш да бидете подготвени за итни случаи и да не тргнувате на пат без да го проверите сетот за прва помош, резервната гума и помошниот алат. Несакани ситуации се случуваат тогаш кога најмалку очекувате. Бидете секогаш подготвени.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.