Запленети 50 килограми марихуана кај Охрид

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР – Охрид, синоќа во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, во близина на населбата Рача сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л. (53) од Струга.

 

При проверка на возилото во багажниот простор пронајдени биле три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници.

 

Во врска со случајот приведен е и С.И. (31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.