Вклучена греалка го предизвикала вчерашниот пожар во Гевгелија

Пожарот во станбената зграда во Гевгелија, во кој вчера целосно изгореа шест стана од поткровјето на последниот шести кат, според извршениот увид од страна на Дирекцијата за спасување и заштита, го предизвикала вклучена греалка во еден од становите.

 

Станот е во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор,а подстанарот го напуштил откако му била исклучена струјата од ЕВН, велат соседите од оштетената зграда.

 

Потстанарот се уште не е вратен дома и не знае за настаната штета во зградата која дополнително ќе се утврдува исто така од страна на ДСЗ.

 

Општина Гевгелија ги разгледува можностите за времено сместување на оштетите семејства,а најави дека ќе додели и соодветна помош за нив,во рамки на нејзините законски овластувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.