Затвор му се заканува на семејство за кражба на песок од плажа на Сардинија

Француско семејство фатено со 40 килограми песок од Сардинија во багажникот на автомобил може да добие до 6 години затвор, пренесуваат светските агенции.

 

Двојката изјавила дека сакале да го однесат песокот дома како „сувенир“ и не претпоставувале дека сториле кривично дело.


Исклучително реткиот и популарен бел песок на Сардинија се смета за национално богатство и е строго забрането да извезува од островот. Со години, локалното население се жалеше на кражбата на националните богатства од страна на туристите - вклучително и песокот.

 

Француското семејство може да добие меѓу 1 и 6 години затвор за кражба на песок од јавна плажа. Според законот донесен во 2017 година, продажбата на песок, камчиња и школки е нелегално и обично е казниво со парична казна до 3.000 евра.

 

Полицијата пронашла песок од Чиа Бич, јужна Сардинија, наполнет во 14 пластични шишиња во багажникот на џипот што му припаѓал на парот. Семејството требало да се качи на траект од Порто Торес до Тулон, Франција.

 

Во 1994 година, властите забранија пристап до популарната розова плажа на Будели заради загриженоста за нејзината иднина. Секоја година, неколку тони вреден песок исчезнуваат од плажата. Туристите, главно Европејци, но и Италијанци, го флаширале и потоа го нуделе на продажба преку Интернет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.