Почина рок-ѕвездата Рик Окасек

Фронтменот на рок-групата „Карс“, Рик Окасек беше пронајден мртов во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите реагирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била констатирана смрт.

 

Нема знаци на насилство и напад. Причината за смртта на рокерот ќе биде утврдена по обдукцијата.

 

Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „ Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“. Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.