Џесика Набонго е првата црнкинка која ги посети сите земји на светот

Џесика Набонго, вработена во ООН, стана блогер за патувања и е првата црнкинка која ги посети сите земји на светот.

 

Таа посети 193 земји признати од ООН и две земји што не се во ООН. Тоа е вкупно 195 земји, а на 6 октомври стигна до последната земја на нејзината листа - Сејшели.

 

Родена е во Детроит, а нејзините родители се од Уганда, па има два пасоши. Џесика се надева дека нејзиниот потфат ќе ги охрабри сите обоени луѓе да го сторат истото.

 

Иако сметала дека го остварила „американскиот сон“ кога по завршениот колеџ добила фантастична работа во фармацевтска компанија и го купила своето место во „Мотор Сити“, работата сепак не ја задоволувала.

 

https://www.instagram.com/p/B3TRrhvgolK/?utm_source=ig_embed

 

Таа одлучила да го изнајми својот стан и да појде на патување. Предавала англиски јазик прво во Јапонија, а потоа и во Лондон. Како вработена во ООН, таа ги посетила Бенин и Италија, но ниту тоа не ѝ било доволно.

 

Познато е дека 150 луѓе до сега ја посетиле секоја земја, повеќето од нив белци со европски пасоши.

 

https://www.instagram.com/p/BYJU0Gglmve/?utm_source=ig_embed

 

Во прилог на нејзината навика за патување, таа формирала фирма „JetBlack“, туристичка агенција која организира мали групни тури низ Африка.

 

Како инфлуенсерка соработува со хотели и ресторани, од кои некои нудат бесплатно сместување во замена за нивно промовирање. Таа, исто така прифаќа донации на страницата „GoFundMe“.

 

https://www.instagram.com/p/BrgZa9gBtum/?utm_source=ig_embed

 

„Патувањето низ светот како жена може да биде многу тешко. Имав толку многу различни искуства. Како црнкинка, честопати се истакнував. Ме обвинија дека сум проститутка. Ме нападнаа на улица“, рече Џесика.

 

И покрај тоа што се нарекува Африканка, тоа не ѝ помогнало да ги помине сите проблеми кога патувала во Африка. Неколку пати, таа била принудена да плати мито за да ги премине границите.

 

https://www.instagram.com/p/B1UiJxnn_G_/?utm_source=ig_embed

 

Иако таа не се идентификува себеси како активист, понекогаш самото нејзино присуство беше доволно за да се направат промени или да се натера лицето да ги разгледува работите поинаку.

 

Нејзината цел не била само да ги види сите земји на списокот. Таа сака да го промени начинот на кој се гледа на женските патници или на обоените патници.

 

„Расизмот е нешто. Не можеме ништо да сториме за да го заобиколиме тоа. Историјата го стори тоа. Јас постојам како црнкинка на овој свет и нема да дозволам тоа да ме спречи да одам таму каде што сакам да одам, а сакам да одам насекаде“, заклучи Jесика, пренесува „Си-ен-ен“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.