Се затвора озлогласен затвор во Њујорк

Њујоршкото градско собрание денес изгласа затворање на озлогласениот градски затвор Рикерс до 2026. година, оценувајќи го како нехуман комплекс кој е оптоварен со хронично насилство.

 

Затворањето на Рикерс и уште три градски затвори ќе ја чини градската каса 8,7 милијарди долари односно од тие средства ќе се финансира отворање на четири похумани затвори во градот, а островот Рикерс ќе биде претворен во јавен простор.

 

„Островот Рикерс е симбол на суровост и нехуманост и време е да го затвориме еднаш засекогаш“, рече претседателот на Градскиот совет, Кори Џонсон пред гласањето.

 

„Мислам дека не претерувам кога ќе кажам дека за многумина од нас, ова е еден од најважните гласови што ќе ги дадеме во целата наша кариера“, рече тој.

 

Во затворот кој се протега на 160 хектари на остров на Ист ривер поврзан со мост со њујоршкиот округ Квинс има околу 7.000 затвореници, од кои повеќето чекаат судење или издржуваат казни помали од една година.

 

Во екот на криминалниот бран пред две децении, во тој затвор на дневно ниво во просек имало над 20.000 затвореници.

 

Во 2017 година, градоначалникот Бил де Бласио предложи затворање на Рикерс во рок од 10 години, а заклучно со 2018. година, лица под 18-годишна возраст не се држат во озлогласениот затвор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.