Колинда во фармерки и кожена јакна се забавуваше на концертот на „Прљаво казалиште“

Легендарниот хрватски бенд „Прљаво казалиште“ во загрепската „Арена“ ја одбележа 30-годишнината од концертот на главниот плоштад во Загреб, а концертот не го пропушти ниту претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ (51), која се појави во опуштено издание.

 

Претседателката се појавила на трибините облечена во фармерки и кожена јакна под која се наѕирала маскирна маица. Судејќи според фотографиите, таа си поминала многу убаво пеејќи ги најголемите хитови со бендот и нивните многубројни обожаватели.

 

Колку била воодушевена од концертот, таа потврдила и на својот официјален профил на Фејсбук каде што објавила фотографија со бендот.

 

https://www.facebook.com/KolindaGrabarKitarovic/photos/a.766835806716714/2467833149950296/?type=3&theater

 

„Лупни со петиците, кажи еве сè за Хрватска“, напишала таа покрај селфито.

 

Колинда на „Прљаво казалиште“ му врачи Повелба на Република Хрватска по повод 40-годишнината од успешната музичка кариера.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.