Српска новинарка пронајдена мртва во својот стан

Познатата српска новинарка Драгана Трипиќ (58) утринава е пронајдена мртва. Нејзиното тело утринава го пронашла нејзината ќерка во стан во Белград.

 

Телото висело од галеријата на станот и било врзано за креветот.

 

Драгана, наводно, била во депресија поради работата и кредити. Во нејзината последна објава на „Твитер“ пишува за борбата на корисниците на кредити во швајцарски франци со банките.

 

Како што пишува Курир.рс, ќерката на новинарката ѝ рекла на полицијата дека Драгана била депресивна поради кредитот што го имала во швајцарски франци. Драгана Трипиќ е родена на 16 мај 1961 година, а работела како новинар во неколку белградски редакции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.