Седум продукти што може да ги јадете без да се здебелите

Звучи невозможно, но всушност има одредена храна што може да ја задоволи желбата за јадење или гладот без зголемување на килограмите.

 

Клучот е да му се препуштиме на оброк кој има висока вредност на заситеност, а кој опишува како полнењето на храната се споредува со калориската содржина.

 

Овој таканаречен индекс на ситост ги мери својствата на разни видови храна да ве натераат да се чувствувате сити и воедно да го намали внесувањето калории во текот на денот.

 

Овој вид јадење е она што ќе ги задржи килограмите подалеку од вас, а некои продукти се подобри од други како во задоволувањето на гладот така и во спречување да прејадете.

 

Тука не зборуваме за храна за зајаци. Можете да јадете вистинска задоволувачка храна, а сепак да останете тенки и здрави. Всушност, овие седум продукти се закуска што можете да ја јадете во текот на целиот ден ако сакате.

 

Варени компири

Многу луѓе избегнуваат компири поради голема содржина јаглени хидрати, но нема потреба од тоа. Компирите се многу хранливи сè додека не се пржат. Повеќе од тоа, компирите содржат отпорен скроб кој влијае како растворливо влакно во дигестивниот систем. Ова помага да се чувствувате сити со помалку калории.

Студиите покажуваат дека готвењето, а потоа ладењето на компирите го зголемува нивото на отпорен скроб. Нивното греење и ладење повеќепати го подигнува тоа ниво.

 

Цели јајца

Јајцата, а особено жолчките, неправедно се карактеризираат како холестерол бомби кои предизвикуваат срцев удар. Но, и покрај тоа што содржат прилично количество холестерол, испитувањата покажуваат дека јадењето јајца не го зголемува нивото на лошиот холестерол. Напротив, јајцата претставуваат целосен протеин, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини.

 

Овесна каша

Овесната каша е супер заситувачки оброк што содржи тон влакна и впива многу вода кога е сварена. Бидејќи е прилично невкусна, може да се зачине на многу начини. Овошјето, оревите и кафеавиот шеќер се одличен избор.

 

Супи

Иако постои мислење дека супата не може да го засити гладот, не мора да е така. Всушност, испитувањата покажуваат дека некои супи може да заситат дури и повеќе од цврста храна со истите состојки. Јадењето супа како предјадење може да ја зголеми вашата ситост до тој степен што во тој оброк вие ќе внесете околу 20 отсто помалку калории.

Направете супата да ви стане навика и ќе изгубите тежина, без дури и да почнете диета.

 

Јаболка

 Јаболката високо котираат на индексот на ситост затоа што содржат растворливо влакно наречено пектин што го регулира варењето на храната. Тие исто така содржат голема количина вода - до 85 отсто во една - што обезбедува волумен за да се чувствувате сити без многу калории.

Цел на испитувањњето беше да се видат резултатите од јадење цврсти сегменти на јаболка или сок од јаболка на почетокот на оброкот.

Доколку сакате да уживате во вкусот на јаболкото и да не добиете тежина, јадете цели јаболка. И ако ви е здодеано од јаболка, јадете агруми, кои се доста богати со пектин и вода.

 

Риба и посно месо

Рибата е со малку маснотии, сепак е богата со протеини и омега-3 масни киселини, што ја зголемува ситоста, а исто така поддржува здрав кардиоваскуларен систем.

 

Пуканки

 Време е за ужина. Кога ќе добиете желба за солен деликатес, пуканките треба да бидат ваш избор. Тоа е цело зрно, богато со растителни влакна, но има малку калории. Исто така, во пуканките има многу воздух, што всушност помага да ве заситат побргу од чипсот од компири или крекерите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.