Ледени јајца покрија плажа во Финска

Илјадници топчиња мраз во форма на јајца покрија плажа во Финска како резултат на редок временски феномен, објави Би-би-си. Аматерскиот фотограф Ристо Метила беше меѓу оние што наидоа на ледените јајца на островот Хајлуото меѓу Финска и Шведска.

 

Експертите велат дека тоа е предизвикано од редок процес во кој малите парчиња мраз се превртуваат од ветрoт и водата. Метила за Би-би-си изјави дека никогаш досега не видел такво нешто.

 

„Бев со сопругата на плажата 'Марјаниеми'. Времето беше сончево, околу -1 Целзиусов степен, и беше прилично ветровито“, изјави тој за Би-би-си.

 

„Таму го најдовме овој неверојатен феномен. Имаше јајаца од снег и мраз по должината на плажата во близина на водоводната линија“.

 

Топчињата од мраз прекриле област од 30 метри. Најмалото топче било колку едно јајце, а најголемото колку фудбалска топка.

 

Слични феномени се пријавени и претходно во Русија и на езерото Мичиген кај Чикаго.

 

Во 2016 година жителите на Нида во Сибир пронајдоа џиновски топки мраз и снег што покриваа крајбрежје од 18 километри. Тие беа со големина на тениска топка па до речиси 1 метар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.