(Видео) Во центарот Рокфелер поставена елка висока 23,5 метри

Норвешка смрека висока 23,5 метри, купена како садница пред 60 години, е поставена во центарот Рокфелер во Њујорк како најава за претстојните божиќни празници.

 

Керол Шулц ја купила садницата во 1959 година и ја држела на масата. По божиќните празници таа го засадила дрвцето во нејзиниот двор и го гледала како расте, пренесува АП.

 

Шулц и нејзиниот придружник Ричард О'Донел во 2010 година отишле на веб-страницата на центарот Рокфелер и го пријавиле дрвото. Пред неколку месеци дознаа дека нивната смрека е избрана за најпознатата елка на светот.

 

Дрвото било натоварено на камион со помош на кран. Церемонијата на осветлување на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=ghChQPZTsqw&feature=emb_logo

 

Ланската елка, исто така норвешка смрека, беше висок 23 метри и тежеше 17 тони.

 

Првата елка е поставена во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собирале пари и купиле елка висока шест метри, што потоа ја украсиле.

 

Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи тоа да стане традиција и го одржа првото официјално палење на светилките во 1933 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.