Во тек е изградбата на втората фаза од фекалната канализација во Горно Коњари

Изградба на фекална канализација

Во тек е изградбата на втората фаза од фекалната канализација во населеното место Горно Коњари во Општина Петровец, со која ќе бидат опфатени 95% од населението кое по завршувањето може да започне со приклучување кон истата.


Продолжува изградбата на фекалната канализациона мрежа во населеното место Горно Коњари во Општина Петровец. Општината ги заврши градежните работи околу изградба на првата фаза од канализационата мрежа во населеното место Горно Коњари, а сега во тек е втората фаза од примарната канлизациона мрежа. Со проектот во првата фаза изградени се 1450 метри фекална канализација со цевки од профил ф250. Градоначалникот Митевски истакна дека со завршување на градежните работи од втората фаза со фекална канализација за која очекува да завршат за неполн месец ќе бидат опфатени над 90% од населението.


Овој проект е од големо значење за локалното население бидејќи со завршување на проектот септичките јами ќе заминат во минатото, а граѓаните нема да мораат повеќе да плаќаат за празнење на истите. Исто така со овој проект ќе се подобри квалитетот на животот во ова населено место во општина Петровец.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.