Хуманитарен турнир во Петровец за помош на Борче Јовановски

Хуманитарен турнир во одбојка

Општина Петровец организираше хуманитарен турнир во одбојка и собраните средства ќе ги донира на 16 годишниот Борче Јовановски кој боледува од ретка генетска болест и мора да замина на операција во странство.

 

Викендов во Општина Петровец беше организиран хуманитарен турнир во одбојка. Средствата собрани од турнирот во одбојка кој се одржа во спортската сала ,,Кочо Рацин,, ќе бидат донирани на Борче Јовановски кој има 16 години и боледува од ретска генетска болест ,,Бета Таласемија,,. Тој итно мора да оди на операција во странство за да се изврши трансплантација на коскена срцевина. За оваа операција се потребни финансиски сретства кои неговото семејство не е во можност да ги обезбеди, па хуманите граѓани можат да ја покажат својата хуманост и да помогнат да се соберат потребните средства.

 

Со еден повик на телефонскиоте броеви 070/143-103 за Т-Мобиле и 143-473 без префикс за Вип Оне ќе донирате 100 ден. од еден повик кои за семејството на Борче ќе значат многу или пак на Жиро сметка: 300001000024834





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.