Поделени пакетчиња за децата од градинката во о. Петровец

Oпштина Петровец

По повод новогодишните и божиќните празници како и секоја година, така и ова градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски заедно со невладиното здружение "Самаријанска торба" им поделија 150 новогодишни и божиќни пакетчиња на дечињата од детската градинка Авионче од Петровец. Омилениот лик кај децата кои со нетрпение го дочекаа им донесе и чоколади.


Хуманитарното здружение Семаријанска торба веќе 20 години поделува божиќни пакетчиња во Р. Македонија. Пакетчињата се подготвени од други дечиња од Англија кои ги подготвуваат со голема љубов.


Благодарност упати и директорката на детската градинка Анета Петрушевска, што и оваа година дечињата добија пакетчиња и не беа заборавени од градоначалникот на општината.


Градоначалникот на општината додаде дека општина Петровец и понатаму ќе ја продолжи грижата за најмалите и поддршка на детската градинка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.