Од август на продажба нови парцели во индустриската зона Ќојлија

Индустриска зона Ќојлија

Од август ќе бидат на продажба нови парцели во мултифункционалната зона Ќојлија во Петровец. За домашните и странските инвеститори Општина Петровец продолжува да биде привлечна дестинација за развивање бизнис.

 

Индустриската зона Ќијлија е целосно распродадена, како на домашни така и на странски инвеститори. Како што информира градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски во зоната се 77 парцели Г-2 за лесна незагадувачка индустрија, од кои во моментов околу 30 инвеститори градат во индустриските капацитети, а ова лето се очекува да биде поставен камен темелник на 10 до 15 нови градби. Поради големиот интерес на други инвеститори во зоната кои сакаат да градат Општина Петровец ќе ја проширува зоната за нови 30 хектари.


Во делот на инфраструктурата на индустриската зона Ќојлија, Општина Петровец ги тампонираше сите улици во зоната, околу 90% е поставена водоводна мрежа како и на 20% од зоната е поставена канализациона мрежа. Како што најави градоначалникот Митевски оваа година општината ќе постави канализациона мрежа таму каде што ќе се градат новите објекти.


Освен домашните во Ќојлија присутни се странските инвеститори од Турција, Словенија, Италија, Албанија, Белгија, Австрија а има најава на други инвеститори од Црна Гора и Србија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.