Комплетно се реконструираат улиците 3 и 5 во Петровец

Општина Петровец интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура на својата територија. За таа цел во тек се градежни активности за комплетна реконструкција на две улици во населеното место Петровец.

Станува збор за улиците 3 и 5 кои биле направени пред 30 години од самопридонес на жителите. Вкупната должина на улиците изнесува 726 метри, а покрај улиците ќе се направат и тротоари.

 

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, истакна дека по завршувањето на реконструкцијата на овие две улици, градежните работи ќе продолжат на изградбата на локалниот пат во Ржаничино кој ќе се спои со гробиштата и манастирот Пресвета Богородица.

Средствата за реконструкција на улиците 3 и 5 во Петровец и патот во Ржаничино се обезбедени преку ЕУ ИПА инвестицискиот фонд . Вкупниот износ на проектот за подобрување на инфраструктурата изнесува 260.000 евра.

 

Во рамките на оваа програма Општина Петровец доби право на користи 195.000 евра за имплементација на проектите за реконструкција на улиците и истиот ќе биде кофинансиран од националниот Буџет во износ од 65.000 евра.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.