All for Joomla All for Webmasters

Се гради пешачка патека од Петровец до Ржаничино на патот Р-103

Нова пешачка патека во должина од неполни 2 милометри се гради на регионалниот пат Р-103 од Петровец до Ржаничино. Средствата се обезбедени од Светска банка како грант за успешно реализиран проект од страна на Општина Петровец.

 

Во Општина Петровец во тек е изградба на уште една пешачка патека со која ќе се зголеми безбедноста на пешаците. Во моментов се работи на изградба на пешашка патека покрај регионалниот пат Р-103 која беше повеќе од неопходна заради зголемената фрекфенција на возила.

 

Оваа пешачка патека која ги поврзува наслените места Петровец и Ржаничино е во должина од 1920 метри, а средствата се обезбедени од Светска Банка. Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски истакна дека оваа патека ќе им послужи на повеќе од 620 деца безбедно да стасаат до училиштето.

 

Пред околу месец и половина заврши рекпонструкцијата на патниот правец Ржаничино -Катланово во должина од 5,3 километри, која започна во октомври минатата година, па токму поради новоасфалтираниот пат бројот на возила кои гравитираат низ оваа општина е многу зголемен, па токму поради тоа, како што рече градоначалникот Митевски, мора да се направи и оваа пешачка патека.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.