Нова улица во должина од 750 метри во Ржаничино

Општина Петровец почна со изградба на нова улица од н.м Ржаничино до манастирот Пресвета Богородица со крак што води до гробиштата. Улицата е во должина од 750 метри со ширина 4 метри. Покрај изградбата на улицата предвиден е тротоар со ширина од 50см. Како што информираше за 1-ва скопска градоначалникот на Петровец Борче Митевски, парите се обезбедени од ЕУ фондовите на Светска банка.

 

Со изградбата на улицата ќе биде направен и паркинг простор кај гробиштата за околу 60 автомобили и уште еден помал простор за паркирање пред манастирот Пресвета Богородица за 30 возила.

Градоначалникот Митевски информираше дека во моментот се работи и на изградба на пешачка патека на патот Петровец – Катланово во должина од 1500 метри.

Во следниот период Општина Петровец ќе продолжи со поставување на канализациона мрежа. Како што рече Митевски, Општина Петровец ќе аплицира за добивање средства од Светска банка за изградба на канализационен систем, како и изградба на улици во Петровец и Ржаничино.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.