Реконструкција на 12 забавни паркови во Петровец

Се реконструираат детските забавни паркови во Општина Петровец. Градоначалникот Борче Митевски во изјава за 1-ва скопска рече дека предвидено е да се реконструираат 12 детски забавни паркови.

 

Во населените места Огњанци и Средно Коњари веќе е завршена реконструкцијата а во наредниот период ќе се работи и во другите населени места.

 

Градоначалникот Митевски додаде дека покрај реконструкцијата на постојните, Општина Петровец ќе изгради и нови забавни паркови каде најмладите жители ќе го поминуваат слободното време во играње.

 

Митевски истакна дека пред почетокот на учебната година Општина Петровец извршила и подготовка на училиштата. Во централните и подрачните основни училишта искосена е тревата во сите училишни дворови, а во училиштето Кочо Рацин извршено е молерисување на внатрешните ѕидови.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.