После 50 години ОУ,,Братство Единство,, во Средно Коњари ќе добие спортска сала

Во ОУ,, Братство Единство,, во Средно Коњари започна изградбата на спортска сала, која им беше неопходна на учениците.

 

Средствата потреби за изградба на салата се во висина од 180.000 евра, од кои 100.000 се обезбедени од Буџетот на општината, а 80.000 ќе бидат обезбедени од Министерството за образование.

 

Како што изјави градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, се очекува до крајот на оваа година да биде изградена карабината на салата , а целиот објект комплетно да биде завршен и предаден во употреба до мај следната година.

 

Директорот на училиштето Сали Бузаки, рече дека трагично е тоа што 50 години учениците немале спорска сала и што часот по физичко го одржувале надвор. Според него салата освен за физичко ќе се користи и за други спортски активности.

 

Градоначалникот Митевски посочи дека отворена е постапка за изградба на мини спортска сала во Катланово и се очекува дека за еден месец треба да започне изградбата. Освен овие две спортски сали во Средно Коњари и Катланоцо, спортска сала ќе се градии во училиштето во Огњанци.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.