All for Joomla All for Webmasters

Поставување нова фекална канализација во Петровец

Во Општина Петровец интензивно се работи на подобрување на условите за живеење на граѓаните.

 

Општината почна со градежни работи за поставување нова фекална канализација во населеното место Петровец на улица ,,9” во должина од 2500 метри. Како што истакна градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски на оваа фекална канализациона мрежа ќе бидат криклучени околу 30 домаќинства.

 

Градоначалникот Митевски додаде дека поголемиот дел од територијата на општина Петровец е покриен со фекална канализациона мрежа. Населеното место Петровец како најголемо место има покриеност од фекална канализација околу 65%, а истото може да се каже и со населеното место Ржаничино.

 

Средствата за изградба на фекалната канализациона мрежа се обезбедени од буџетот на Општина Петровец, а како што истакна градоначалникот Митевски, продолжуваат и понатаму да ги подобруваат и олеснуваат условите за живот во Општина Петровец.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.