All for Joomla All for Webmasters

(ВИДЕО) Се отвори нова модерна приватна болница ЕУРОИТАЛИА во Петровец

Деветгодишниот труд за изградба на нова приватна болница во Општина Петровец вроди со плод.

 

Синоќа свечено беше отворена болницата Еуроиталиа, италијанска инвестиција на бизнисменот Алберто де Лука кој повеќе од 30 години инвестира во медицинската сфера. Алберто де Лука пред присутните рече дека се надева тоа што го има создадено во Италија, ќе го донесе и во Македонија и верува во успехот на оваа болница. На отворањето беше присутен и министерот за здравство, Венко Филипче кој рече дека оворањето на оваа болница е добар чекор во македонското здравство.

 

Болницата е опремена со најсовремена медицинска апаратура и најсовремен апарат за магнетна резонанца. Изградена е на површина од 20.000 м2 и има приземје и шест ката. За почеток ќе работат првите два ката од болницата, а целта е кат по кат да се отвораат и другите. На приземјето се наоѓа комплетен дијагностички центар, лабоораторија и фармацевтски дел и ресторан а тука ќе биде отворен и новиот центар за физикална и рахабилитациона терапија, додека пак на првиот кат е болничкиот дел кој во моментов расплага со 82 кревета. Медицинскиот директор на болницата Еуроиталиа д-р Бошко Ставрески рече дека болницата ќе располага со општа хирургија, итензивна медицина, ортопедија, кардиологија и урологија, како и 5 специјалистички амбуланти, а во преговори се да се склучи договор со фондот за здравство. Во болницата сега се вработени околу 70-80 доктори и медицински персонал, а пранот е да се вработат вкупно 400 лица.

 

Болницата започна да се гради во Општина Петровец уште во 2009 година, најпрво замислата беше тоа да биде трговски центар, но подоцна, како што кажа и сопственикот де Лука одлучиле да направат болница како подобро решение. Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски е особено горд што една ваква инвестиција е изградена токму во оваа општина, а најави и дека инвеститорот Алберто де Лука освен во болницата инвестира и во уште еден објект во Мултифункционалата зона Ќојлија.

 

Најголем бенефит од оваа голема италијанска инвестиција ќе почувствуваат жителите на Општина Петровец, најнапред поради големиот број нови вработувања, а потоа и поради овозможувањето на полесен пристап до болничкото и амбулантското лекување.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.