ОУ,,Кочо Рацин,, во Петровец избрано за најубаво училиште

Како разултат на добрата соработка меѓу Светска банка и Општина Петровец и по повод 25 години Светска банка во Македонија, ОУ,,Кочо Рацин,, во Петровец од страна на Светска банка е избрано за најубаво училиште.

 

Училиштето својот комплетно нов објект го доби во месец мај 2015 година и оттогаш персоналот се грижи тоа да биде во идеална состојба. Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски кој изрази благодарност до Светска банка за реализацијата и признанието за овој проект рече дека наградта е заслужена, затоа што е најфункционално училиште, со нови опремени кабинети, комплетно нов инвентар, со најубав училишен двор, во комплексот од 4 хектари има спортска сала, паркинг, детски забавен парк и двоен тениски терен.

 

Во ОУ,, Кочо Рацин,, учат 700 ученици, од кои 500 се во централното училиште, односно во објектот кој е прогласен за најуваво училиште, 150 во училиштето во Огњанци и 50 во Катланово. Директорката на училиштето Виолета Јаневска истакна дека училиштето 3,5 години обезбедува поквалитетна воспитно образовна програма и очекуваат одлични резултати кај учениците.

 

Изградбата на ова училиште беше една од најважните потреби на граѓаните со оглед на тоа што старото училиште беше изградено пред повеќе од 50 години, во 1963 година.

 

Новиот објект на ОУ „Кочо Рацин“ е граден според евроспки стандарди, има два ката, 27 училници и е со капацитет за 680 ученици.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.