Работна есен во Општина Петровец за подобра патна инфраструктура (ВИДЕО)

Денеска се поставува нов асфалт во должина од 500 метри на патот кој ги поврзува Петровец и Огњанци во Општина Петровец.

 

Вкупната должина на новиот пат е 4 километри, широк е 5 метри, а етапното асфалтирање ќе заврши на пролет.

 

Градоначалникот на Општина Петровец изјави дека асфалтирањето се реализира по барање на жителите од двете населени места и со цел да се подобри патната инфраструктура во општината.

 

Средствата за наведениот проект од 1.600.000 денари целосно се обезбедени од буџетот на општината.

 

Инаку во периодов општината работи на поставување бекатон плочки во должина од 450 метри во населеното место Градбанци, на асфалтирање улица во населеното место Чифлик, како и на изградба на нова улица во населеното место Сушица.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.