Акција за чистење на Катланово во Општина Петровец (ВИДЕО)

Во населеното место Катланово во Општина Петровец се организираше акција за чистење, со цел да се подигне свеста кај локалното население за важноста на животната средина.

 

Учествуваа претставници на локалната власт, на образовните установи, како и невладини организации, ученици и жители на општината.

 

Негрижата кон природата е негрижа кон самите себе и кон идните генерации, потенцираше градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

 

Поддршка на акцијата со своето присуство и учество даде и амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш.

 

Организаторите и учесниците во акцијата апелираат до сите жители на Општина Петровец, сметот да го одлагаат во соодветните канти и контејнери.

 

Само така јавното комуналното претпријатие ќе може правилно да го депонира сметот, а со тоа ќе се придонесе за почиста и поубава животна средина.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.