Свечено пуштена во употреба главната улица во Ќојлија во Општина Петровец (ФОТО)
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 15 Јуни 2021
Со сечење лента денеска официјално се пушти во употреба главната улица во населено место Ќојлија, информираат од Општина Петровец.
Станува збор за улица долга 650 метри која е целосно асфалтирана. Финансиските средства во висина од 3.200.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Покрај градоначалникот Борче Митевски и претставници од Советот на Општина Петровец на пуштањето на улицата присуствуваа и дел од жителите на Ќојлија.
Градоначалникот Митевски се обрати пред присутните жители и им укажа за сработеното до сега, но и за плановите, кои треба да се остварат во следниот период.
Дел од жителите на Ќојлија јавно му искажаа поддршка и голема благодарност на градоначалникот за сработеното во ова населено место.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс